07.07.2023 Скопје
Дражен Растовиќ, шефот на Службата за нарко-криминал, изјави дека Хрватска бележи зголемен број на луѓе кои користат дроги за лични цели.
Во пресрет на тематската седница на собраниската Комисија за здравство, Ристовиќ рече дека хрватската полиција секоја година пријавува повеќе од 1.000 лица за тешки кривични дела поврзани со дрога.
Станува збор за кривични дела шверц и производство на дрога, како и членство во меѓународни и национални криминални организации.
Ристовиќ изјави дека полицијата годишно прави 10.000 поединечни заплени на сите видови дроги и бележи резултати во сузбивање на производството на канабис и шверц на кокаин.
Тој истакна дека неодамна заврши кривичната истрага за најголемата лабораторија за синтетички дроги во околината на Загреб, при што во таа прилика се уапсени девет лица, а пронајдени се повеќе од 14 тони хемикалии за производство на дрога.
Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, изјави дека четвртина од луѓето во Хрватска велат дека конзумирале дрога, најмногу канабис, но и други дроги, како и синтетички дроги.
Подготвено од А.Ѓ.