https://www.facebook.com/photo.php?fbid=589574345863710&set=pb.100044334494154.-2207520000..&type=3

25.07.2023 Скопје

Педро Санчез, премиерот на Шпанија, ја предводи привремената влада која ќе остане на функција се додека не се избере нова влада, бидејќи ниту една партија не освои мнозинство на парламентарните избори во неделата.

Кралот Фелипе Шести издаде декрет според кој Санчез останува на чело на привремената влада која ќе се занимава со тековните работи „додека нов шеф на владата не ја преземе функцијата“.

Ниту една партија не освои мнозинство во парламентот за да владее сама. Преговорите за коалиции почнаа, но атмосферата за можни нови избори веќе почнува да преовладува.

Конзервативната опозициска Народна партија освои 136 од 360 места во парламентот, а за апсолутно мнозинство се потребни 176 места.

Лидерот на таа партија, Алберто Нунес Феџихо, во понеделникот започна разговори со неколку партии за формирање влада, но неговите обиди се чини дека се осудени на неуспех, бидејќи екстремно десничарскиот Vox е непопуларен кај другите партии.

Баскиските националисти му рекоа дека не сакаат да разговараат со него.

Социјалистичката партија на Санчез освои 122 места, а радикалната левица Сумар освои 31 место. Тие две партии обединети и со поддршка на баскиската и каталонската партија би можеле да имаат мнозинство во парламентот.

Најголем предизвик за левицата ќе биде обезбедување воздржаност од партијата на каталонскиот сепаратист Карлос Пуџдемонт, која се спротивстави на левичарската извршна власт во последните години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author