samsung display

04.07.2023 Скопје

Samsung Display, одделот посветен на производството на екрани за електронски уреди на корејскиот електронски гигант Samsung, поднесе тужба против кинескиот конкурент Boe Technology во САД, обвинувајќи го за прекршување на пет нејзини индустриски патенти.

Корејската компанија ја поднесе својата жалба до федералниот суд во Источен Тексас, познат по својата брзина на пресуди, тврдејќи дека Boe прекршил пет нејзини патенти, вклучително и оној што се однесува на OLED екраните направени од Samsung за iPhone 12 на Apple.

На глобалниот пазар за OLED екрани доминира Samsung, но кинеската компанија Boe со голема брзина добива на сила, а минатата година претекна уште еден корејски гигант, LG Display, како втор најголем светски производител и снабдувач на овој сектор.

Во тужбата поднесена од Самсунг во Тексас, компанијата вели дека претрпела „ненадоместлива штета“ поради наводните прекршувања на патенти на нејзиниот кинески ривал.

Подготвено од М.Н.

About Author