17.07.2023 Скопје
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одобри обука на украински борбени пилоти во Европа за употреба на ловци-бомбардери Ф-16, кои се очекува да ги добие Киев во иднина.
Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан, изјави дека претседателот Бајден одобрил да дозволи, овозможи, поддржи, олесни и всушност ги обезбеди потребните алатки, и дека Украинците ќе почнат да се обучуваат за Ф-16 веднаш штом Европејците ќе бидат подготвени.
Изјавите на Саливан не потврдуваат драстична промена за администрацијата на претседателот Бајден, кој до пред неколку месеци сметаше дека набавката на Ф-16 се скапи и сложени во логистика и не се компатибилни со воените потреби на Украина.
Украина треба да преквалификува „неколку десетици“ пилоти за да можат да летаат со борбени авиони Ф-16, изјави Јуриј Игнат, портпарол на украинските воздухопловни сили.
Според Игнат, во Украина има многу млади пилоти кои имаат борбено искуство и зборуваат англиски. Овие пилоти ќе бидат првите кои ќе научат да летаат со Ф-16. „Нашата програма за обука на пилоти ќе биде долгорочна. Треба целосно да ја замениме советската флота од Су-24, МиГ-29, Су-27 со западни авиони“, истакна Игнат.
Подготвено од М.Н.