sad den na nezavisnost

04.07.2023 Скопје

На 4 јули 1776 година беше усвоена Декларацијата за независност на САД од страна на Велика Британија. Од тогаш во многу градови низ Америка како што пренесуваат американските медиуми луѓето веќе почнаа со свои сопствени традиции да го обележуваат денот на независноста.

Декларацијата за независност на САД е државотворен документ на САД со која се прогласило дека тринаесетте американски колонии кои во тоа време биле во војна со Велика Британија повеќе не се дел од Британската Империја.

Декларацијата требало да биде формално објаснение за причините поради кои Конгресот на 2 јули изгласал независност од Велика Британија, после повеќе од една година војување. Националниот празник на САД – Денот на независноста – се слави на 4 јули, односно денот кога е усвоена оваа Декларација.

Меѓу првите политичари и функционери во државата кои го честитаа празникот на САД беше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој на својот фејсбук профил упати честитка по повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

Според министерот Спасовски, Америка е идеја за прогрес, избор на можности, заштита на ранливите категории граѓани, контрола над оние со моќ, но и гарант на правдата.

Министерот Спасовски потенцира дека американската демократија е водечка инспирација за демократиите на глобално ниво, а на нашата држава и претставува особена чест и задоволство што сме стратешки партнери, и што трансатлантската соработка ја унапредуваме како сојузници во НАТО.

Американската амбасада во Скопје утринава со објава на фејсбук им го честиташе 4 јули на сите Американци.

Подготвено од М.Н.

About Author