26.07.2023 Скопје
Пентагон соопшти дека САД ќе обезбедат до 400 милиони долари дополнителна помош во воена опрема за Украина, во која ќе бидат вклучени дронови Хорнет на компанијата FLIR Systems, муниција за противвоздушна одбрана, оклопни возила и противтенковско оружје.
Ова е 43-ти пакет безбедносна помош што САД го одобрија за Украина, од почетокот на руската инвазија во 2022 година.
Пакетот е финансиран со користење на Претседателското овластување за повлекување средства (PDA, Presidential Drawdown Authority), согласно кое може да се одобри трансфер на опрема и услуги од американскиот арсенал без одобрение од Конгресот како одговор на итни случаи, односно опремата ќе биде испорачана од вишокот залихи во САД.
Подготвено од М.Н.