07.07.2023 Скопје
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одобри испорака на касетна муниција за Украина. Ова ќе биде дел од новиот пакет воена помош од 1,2 милијарди долари што американската влада треба да го објави овие денови.
Контроверзната одлука, која во последните денови ја очекуваа неколку американски медиуми, веќе наиде на осуда од организации како Хјуман Рајтс Воч, кои стравуваат од последици за украинските цивили.
Касетните муниции се многу контроверзни вооружени системи дизајнирани за неселективно распоредување на голем број експлозивни подмуниции на огромни делови од територијата со ризик од долгорочна колатерална штета на цивилите, со оглед на склоноста некои убојни средства да останат неексплодирани.
Медиумите во САД прецизираат дека муницијата што ќе и биде доставувана на Украина е од типот М864, произведена од 1987 година од Министерството за одбрана на САД според нив, тоа треба да се артилериски гранати кои се карактеризираат со „пониска стапка“ на неексплодирани подмуниции, што треба да резултира со „помалку несреќни цивилни жртви“.
Подготвено од М.Н.