ukraina vojna 123

27.07.2023 Скопје

По серијата експлозии низ Украина, претседателот Володимир Зеленски вчеравечер потврди дека некои руски ракети навлегле во украинската воздушна одбрана.

„Имаше неколку погодоци“, рече Зеленски во видеото објавено на каналот Телеграм, но без други детали.

Низ Украина вчеравечер беше издадено предупредување за воздушен напад, а очевидци изјавија дека силна експлозија го потресе Киев.

Украинските медиуми јавија дека експлозиите се слушнале во регионите на Днепропетровск, Житомир, Кировоград, Лавов и Хмелницки.

Експлозиите во градот Староконстантиновка во областа Хмелницки беа пријавени во областа на воениот аеродром.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author