19.07.2023 Скопје
Обединетите нации имаат рок од три месеци да го исполнат меморандумот потпишан со Русија за извоз на руски жита и ѓубрива, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Портпаролката нагласи дека Москва ќе се врати на разговорите за договорот за пченицата само во случај на конкретни резултати за спроведувањето на меморандумот.
Договорот за пченица е клучен за снабдувањето со храна на Африка и Азија. Украинските пристаништа останаа во мирување од почетокот на инвазијата на руските трупи до летото минатата година, кога договорот дозволи да се укине блокадата за која се обвинува Москва.
И Украина и Русија се главни извозници на жито, а договорот беше потпишан и со цел да се ублажи глобалната криза со храна.
Подготвено од М.Н.