romanija pomos evropski fond

21.07.2023 Скопје

Романија треба да добие 400 милиони евра помош од европскиот фонд за да го поврати потрошеното во врска со приемот на украинските бегалци, соопшти портпаролот на извршната власт во Букурешт, Михаи Костантин.

Уредба во врска со оваа одлука ќе биде донесена на владината седница следната недела, додаде Костантин.

Дополнително, извршната власт го одобри продолжувањето, од 30 јуни 2023 година на 31 јануари 2024 година, на договорот склучен меѓу генералниот секретаријат на Владата и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), според кој Романија ќе обезбеди 165.000 евра за техничка помош со цел да се формира центар на извонредност за јавната администрација. Формирањето на овој центар е една од целите на Пнрр.

Подготвено од М.Н.

About Author