28.07.2023 Скопје
Република Северна Македонија со БДП по глава на жител од 6.608,08 долари e на петтото место на списокот на најсиромашни пазари во Европа.
Листата за оваа статистика е направена од германскиот економски портал Дервенстен, објави веб-страницата Косово онлајн.
На листата во 10-те најсиромашни земји во Европа, Косово е рангирано како втор најсиромашен пазар во Европа за 2023 година, а прва на листата е Украина која таму се најде поради руската инвазија.
На трето место е Молдавија со БДП од 5.671,22 долари, четврто место е Албанија, чиј бруто домашен производ е 6.457,22 долари, а на шестото место со бруто домашен производ од 6.670,73 долари се најде Грузија.
Седмото место го зазеде Босна и Херцеговина со БДП по глава на жител од 7.337,72 долари, Белорусија е на осмото со БДП од 7.859,63 долари, а Црна Гора се најде на деветтото место со БДП од 9.811,86 долари.
Листата е направена врз основа на бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител и според рангирањето Србија е на десеттото место со БДП од 10.360,72 долари по глава на жител.
Подготвено од М.Н.