13.07.2023 Скопје
Renault објави дека има продадено повеќе од 770.800 возила ширум светот во првата половина на 2023 година, што е зголемување од 11% во споредба со истиот период во 2022 година.
Европа остана најголемиот пазар на француската марка, со 501.985 возила во првата половина на 2023 година.
Продажбата во Европа беше зголемена со зголемената побарувачка за најпрофитабилните возила од C-сегментот. Овие автомобили, кои ги вклучуваат моделите Austral, Arkana и Megane E-Tech, остварија продажба од 136.195, што е зголемување од 42% во споредба со претходната година.
Побарувачката за новиот Austral, кој беше во продажба само во Франција на крајот на минатата година, го поттикна овој раст, со 39.495 продажби во првите шест месеци.
Аркана беше бестселер на Рено во сегментот Ц, со 41.821 продадени примероци. Овие автомобили, исто така, помогнаа да се зголеми продажбата на хибрид на Renault за 40% на годишно ниво (до 83.000).
Силниот раст на продажбата на хибриди го поттикнува напредокот на брендот Renault на електрифицираната патека. Austral со 65% од продажбата на верзијата HEV и Arkana со 55% од HEV продажбата имаат значаен придонес за овој успех.
Целосно електричниот Megane E-Tech достигна повеќе од 23.000 продажби во првата половина од годината. Тоа е најпродаваното електрично возило во својот сегмент во Франција. На Megane отпаѓа речиси 50% од продажбата на електрични возила на Renault, која изнесува 48.000 единици. Од втората половина на 2023 година, Megane ќе стане меѓународен, а продажбата ќе започне меѓу другото во Турција и Бразил.
Подготвено од А.Ѓ.