20.07.2023 Скопје
Производителот на лекови и вакцини Фајзер соопшти дека неговата фабрика во Роки Маунт, Северна Каролина, претрпела голема штета од торнадото.
Портпаролот на компанијата во изјава потврди дека објектот на Роки Маунт е оштетен и дека производителот на лекови ја проценува ситуацијата за да го утврди влијанието врз производството.
Вработените во компанијата кои биле во фабриката пред несреќата успеале да се евакуираат и се безбедни, се додава во соопштението.
Установата, која произведува речиси 30 отсто од сите стерилни инјекции што се користат во болниците во САД, исто така се фокусира на производство на различни производи како што се антиинфективни, невромускулни блокатори, како и ампули и шприцови.
Подготвено од А.Ѓ.