ramafoza samit na briks

24.07.2023 Скопје

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза нема да ги покани францускиот претседател Емануел Макрон ниту лидерите на САД и Обединетото Кралство на самитот на шефови на држави и влади на групата БРИКС кој ќе се оддржи на крајот на август.

Според аналитичарите претседателот на групата во која припаѓаат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, ќе испрати вкупно 70 покани за самитот, од кои 54 за африканските земји. Самитот во август, закажан за Јоханесбург, ќе биде најголемиот состанок на шефови на држави и влади на јужната хемисфера во последните години.

Рускиот претседател Владимир Путин, од своја страна, неодамна најави дека ќе учествува на самитот преку видео-конференција, замолчувајќи ги повеќенеделните гласини за неговото пристигнување во Јоханесбург и покрај налогот за апсење издаден против него од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за инвазијата на Украина и војната што започна во февруари 2022 година.

Во март, МКС издаде налог за апсење на Путин по инвазијата на Украина во февруари 2022 година, што теоретски ќе ги обврзе јужноафриканските власти, потписнички на Римскиот статут да го уапсат Путин откако тој ќе пристигне на нивна територија.

Меѓутоа, неколку дена по објавувањето, јужноафриканскиот министер за надворешни работи Наледи Пандор изјави дека неговата влада ќе се консултира со Москва пред да размисли за каква било акција, а вооружените сили на африканската земја јасно ставија до знаење дека нема да наредат никакво апсење на рускиот претседател доколку тој се појави на територијата.

Претходно, јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса изјави дека апсењето на Путин, доколку тој одлучи да учествува на самитот на БРИКС, ќе се смета за објава на војна против Русија. „Русија јасно стави до знаење дека апсењето на актуелниот претседател би било објава на војна. Би било неконзистентно со нашиот Устав да ризикуваме да влеземе во војна со Русија“, истакна Рамафоса во писменото депонирање испратено до судот откако главната опозициска партија, Демократската алијанса (ДА), поднесе жалба да ја принуди владата да обезбеди апсење и предавање на Путин.

Подготвено од М.Н.

About Author