25.07.2023 Скопје
Републичкиот завод за статистика објави дека просечната мајска бруто-плата во Србија изнесувала 118.992 динари, 1.105 евра, додека просечната нето плата, без даноци и придонеси, изнесувала 86.220 динари, 736 евра.
Бруто и нето заработката во периодот јануари-мај во однос на истиот период лани се номинално повисоки за 15,5 отсто, а реално пониски за 0,1 отсто.
Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто и нето-заработка за мај е номинално повисока за 16,2 отсто, а реално за 1,2 отсто.
Просечната нето заработка за мај изнесува 66.244 динари (565 евра), што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до тој износ.
Подготвено од А.Ѓ.