26.07.2023 Скопје
На целиот остров Родос е прогласена вонредна состојба, деветти ден од почетокот на пожарот кој предизвика големи штети на тој грчки остров.
Пожарите се уште траат, ветрот малку се смири, но неговите налети се уште се силни, што го отежнува нивното гаснење.
Што се однесува до Крф, во последните неколку часа се забележани повеќе пламени со огнени фронтови на североисточниот дел на островот.
Во моментов активни се два фронта на локации кои не се достапни за пожарникарите.
Локалните власти тврдат дека пожарот на Крф е последица на подметнување.
На Евија пожарот е ставен под делумна контрола, а во моментов гори земјоделско земјиште.
Според локалните медиуми, пожарот настанал поради дефект на кабелот на ППЦ.
Како што информираат од Бригадата за противпожарна заштита, пожарот избувнал во средата наутро во 10 часот на локација во близина на населбата.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани сили од 22 пожарникари и 10 противпожарни возила, со помош на четири противпожарни авиони.
Подготвено од А.Ѓ.