Image by wirestock on Freepik

14.07.2023 Скопје

Во повеќето земји од Европската унија минатата година падна продажбата на станови, по скок што беше забележан во речиси сите земји-членки во текот на 2021 година, објави „Евростат“.

Најголем пад на продажбата во 2022 година има во Данска, каде што е продаден 31,6 отсто помалку недвижен имот од минатата година, потоа во Финска (пад од 16,6 отсто), Холандија (исто така околу 16 отсто) и Луксембург (пад од 15 отсто).

За разлика од тие земји, најголем раст на бројот на продадени станови во ЕУ е забележан во Кипар (27,4 отсто), Ирска (7,7 отсто) и Шпанија (шест отсто).

Од почетокот на пандемијата, пазарот на недвижности е нестабилен.

Во 2020 година, поради вонредните пандемични мерки и „заклучувања“, продажбата на станови падна, при што само четири земји од ЕУ (Данска, Финска, Холандија и Австрија) забележаа пораст на продажбата.

После тоа, продажбата се зголеми и имаше „бум“ на пазарот во 2021 година кога беа остварени повисоки стапки на раст, при што најголем раст е забележан во Шпанија (39,3 проценти) и Бугарија (39 проценти).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author