03.07.2023 Скопје
Полицијата за време на одржување на музичката манифестација во Стар Дојран, во текот на изминатиот викенд, извршила контрола и лишила од слобода 20 лица кај кои било пронајдено различни видови на дрога.
Во акцијата биле вклучени полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделoт за криминалистичка полиција во координација и заедничка акција со Секторот за внатрешни работи Струмица и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје.
Лицата биле приведени во полициска станица каде е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од МВР.
Овие зајакнати контроли, покрај соодветно санкционирање на овој тип кривични дела, имаат за цел и превенирање на недозволената продажба и употреба на наркотични средства меѓу младите, како најчести посетители на ваков тип музички манифестации, стои во соопштението од МВР.
Подготвено од М.Н.