05.07.2023 Скопје
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека, полициски службеници од СВР Куманово во село Отља, липковско, ги лишиле од слобода О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, скопско, кои се осомничени за фалсификување пари.
Во соопштението од МВР стои дека при контрола кај приведените лица биле пронајдени 450 фалсификувани евра.
Двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, наведено е во соопштението од МВР.
Подготвено од М.Н.