https://www.facebook.com/photo/?fbid=639456374202354&set=pcb.639456490869009

07.07.2023 Скопје

Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Виена, Австрија во седиштето на ОБСЕ. Во рамки на посетата, Османи ќе има обраќање на првата Конференција за климатски промени во организација на ОБСЕ, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Министерот Османи ќе учествува и на настан по повод 30 годишнината од основањето на Високиот комесаријат за национални малцинства на ОБСЕ, „Научени лекции и потенцијални предизвици – Градење на долгорочна социјална кохезија во Југоисточна Европа“.

Во соопштението од МНР стои дека Османи во Виена ќе оствари и бројни билатерални средби, меѓу кои со министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, со Американскиот специјален претставник за клима и поранешен државен секретар на САД, Џон Кери и со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак.

Министерството за надворешни работи наведува дека, климатските промени и справување со предизвиците по безбедноста предизвикани од нив, како и градењето доверба, се дел од клучните приоритетите на Претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ.

Подготвено од М.Н.

About Author