https://www.facebook.com/photo?fbid=828556708857477&set=pcb.828556775524137

20.07.2023 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на средбата во Брисел со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, побарал НАТО да ја преземе контролата и да обезбеди пристоен живот за Србите на Косово.

Претседателот Вучиќ истакна дека за време на разговорите во Брисел имало многу конкретни пораки и дека зборувал за суштината на проблемот на Косово.

Во однос за вооружувањето на косовските сили, Вучиќ истакна дека Србија презема мерки за заштита на своите граѓани, но дека Србија има потреба од соработка со КФОР и со НАТО.

Во однос на извештајот што специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, го претстави пред Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот, Вучиќ нагласи дека извештајот е многу подобар од оној кој беше претставен пред два месеци.

Подготвено од М.Н.

About Author