renault

10.07.2023 Скопје

Претседателот на компанијата Рено, Жан Доминик Сенар, коментирајќи го односот на силите на пазарот истакна дека Кина доминира со клучните суровини за производство на батерии за електрични автомобили со нулта емисија.

Неодамнешната одлука на Кина да го ограничи извозот на два метали, галиум и германиум, кои се користат во производството на полупроводници и електрични возила, може да биде повик за будење за европскиот пазар.

„Може да се каже дека „кинеската бура“ го зафати растечкиот европски сектор на електрични возила. Кога зборувам за кинеската бура, зборувам за силниот притисок што денес се применува на увозот на кинески електрични автомобили во Европа“, изјави Сенар.

Сенар додаде дека кинеската индустрија за електрични возила и синџирот на снабдување со суровини се резултат на долгорочни инвестиции, кои би ја чинеле Европа милијарди евра.

„Можеме да произведуваме електрични возила, но се бориме да ја обезбедиме безбедноста на нашите залихи“, рече претседателот на Рено.

Извозните ограничувања на Кина, исто така, ја ескалира технолошката војна со Соединетите држави, за која Сенар верува дека може да предизвика дополнително нарушување на глобалните синџири на снабдување.

„Доколку дојде до вистинска геополитичка криза, штетите на фабриките за батерии кои исклучиво се снабдуваат со производи однадвор ќе бидат значителни. Тоа е проблемот. Бараме алтернативи за да избегнеме парализа на земјата ако, на пример, останеме без суровини за батерии“, рече тој.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author