ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФРАНЦИЈА ГИ ОБВИНИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ЕСКАЛАЦИЈА НА БУНТОТ

05.07.2023 Скопје

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, на состанокот со градоначалниците во Париз, кој се оддржа вчера, истакна дека веќе озбилно треба да се размислува за опцијата да се блокираат онлајн медиумите за да можат да се борат против понатамошните немири во Франција.

Францускиот претседател изјави дека преку социјалните мрежи се организираа насилни собири, додавајќи дека мора смирено да се размислува за управувањето со социјалните медиуми „затоа што кога ќе стане инструмент за собирање или обид за убиство, тоа е веќе вистински проблем“.

Во меѓувреме, во северна Франција, граничните контроли со Белгија беа засилени за да се запре увозот на пиротехнички средства, за да се спречат бунтовниците да се снабдуваат со пиротехнички средства, објавија француските медиуми.

Подготвено од М.Н.

About Author