kambodza ostavka premier

26.07.2023 Скопје

Камбоџанскиот премиер Хун Сен, кој беше во владата речиси 40 години, денеска ја објави својата оставка од функцијата шеф на владата и предавањето на власта на неговиот најстар син Хун Манет, по контроверзните парламентарни избори во неделата кои ја потврдија де факто трансформацијата на земјата во еднопартиски систем.

Изборната комисија на Камбоџа во понеделникот потврди дека Камбоџанската народна партија (КПП) предводена од Хун Сен освоила мнозинство места во Националното собрание, долниот дом на парламентот.

Според прелиминарните резултати, КПП освои 120 места од 125, оставајќи му пет на Обединетиот национален фронт за независна, неутрална, мирна и кооперативна Камбоџа (Фунцинпек), конзервативна и монархистичка партија која владееше во коалиција со КПП.

Хун Манет предизвикува искрен ентузијазам кај многу гласачи, благодарение на неговото западно универзитетско образование. По дипломирањето на Воената академија Вест Поинт, во Соединетите Држави, се здобил со магистерски студии, диплома од Универзитетот во Њујорк и доктор по економија на Универзитетот Бристол, Велика Британија.

За време на изборната кампања, 45-годишниот син на премиерот Хун Сен пренесе слика на приврзаност поинаква од поборбената на Хун Сен, што очигледно му донесе симпатии на многу гласачи, можеби резигнирано гледајќи ја промената на генерациите како единствена можност на обнова на националната политика.

Подготвено од М.Н.

About Author