25.07.2023 Скопје
Пожарникарите цела ноќ се бореа со пожарите на островите Родос, Евија и Крф, како и на Пелопонез, додека силните ветрови, високите температури и сувите услови продолжуваат да и даваат поттик на огнената стихија низ Грција.
Иако ситуацијата со пожарите на грчките острови се подобрени но се уште не се ставени под контрола, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Во југоисточниот дел на Родос, каде што пожарот е активен веќе осми ден, противпожарните сили се сконцентрирани на селата Вати и Генади, а рано утрово ситуацијата ја олеснува и фактот што нема силен ветер.
Во јужниот дел на островот Евија, поради пожарот, во текот на ноќта преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на едно село.
Цивилната заштита предупреди дека во речиси целата земја постои висок ризик од појава на пожари. Поради силниот топлотен бран се затвораат и археолошки локалитети.
Подготвено од М.Н.