07.07.2023 Скопје
Ноќеска околу 1:20 часот, избувнал пожар во Милано, Италија, при што на лице место загинале 6 лица, соопшти регионалната агенција за итни случаи, чиј персонал интервенираше за да ги спаси инволвираните луѓе.
Покрај 6-те смртни случаи регистрирани на лице место, хоспитализирани се 81 лице, распоредени во 15 различни болници за итни случаи во Милано и неговата околина. Сите хоспитализирани пациенти пријавиле симптоми на вдишување чад во повеќе или помалку тешка форма, но ниту еден пациент не бил изгорен.
Лука Кари, портпарол на националната противпожарна служба, го потврди билансот на загинатите, а градоначалникот на Милано, Џузепе Сала изјави дека пожарот бил изгаснат многу брзо, но потоа бил испуштен отровен чад.
Градоначалникот на Милано изјави сочувство до фамилиите на настраданите и соопшти дека веднаш е отворена истрага за причините за пожарот.
Подготвено од М.Н.