https://www.flickr.com/photos/greendayanddepp/380939503/in/photolist-zEq3t-6eo2nM-umwsP-p1Vk3b-5broG-7EfP-D7WuWx-duWAWW-g5peC-dT3Z78-JJNi8T-22JcN77-6iBy5G-qMmLj6-5KWnZb-PKUbFu-7VFmrE-MeeZTM-7ji7TR-6D5c5v-pqQNgF-5JGGt7-6ga5K8-eDeGyQ-xJL2Cz-zZu7F-au2Syu-bAy4Z4-xzjCh-YJ8kjs-tQRPM-sXuw9-APXCm-buNLc1-dM91ot-5F6CB-Y7imx8-8Y1znr-dMeyDd-sWrGE8-rRRf7f-3WWHU3-biaLa6-dM8ZHc-ncYNff-QYX68C-aceNBu-6SBTQ8-7XgMBn-ooVJq5

26.07.2023 Скопје

Вчеравечер во детската болница во Букурешт се евакуирани најмалку 110 деца поради пожарот што избувна.

Во пожарот нема повредени, кој во меѓувреме е изгаснат.

Според официјални лица, пожарот избувнал кога генератор експлодирал по прекин на струја.

Романското Министерство за здравство објасни дека детската болница за рехабилитација се потпирала на сопствен генератор за струја повеќе од еден час откако синоќа снемало струја.

Кога мрежата била обновена, трансформаторот експлодирал и два автомобили во близина се запалиле.

Сите евакуирани се префрлени во блиската детска болница.

Портпаролот на детската болница „Марија Кири“ во која се префрлени евакуираните од болницата Николае Робанеску изјави дека се евакуирани 110 деца пациенти и 21 лице кое ги згрижува. Во Букурешт и во уште неколку околни окрузи веќе два дена е во сила црвен метеоролошки аларм поради топлотниот бран, со температури над 40 степени Целзиусови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author