31.07.2023 Скопје
На грчкиот остров Хиос, кој се наоѓа во Егејското Море во близина на територијата на Турција, синоќа избувна пожар во шумска област недалеку од селото Катавасис, северозападно од градот Хиос, кој набрзо достигна големи размери.
Околу еден час по полноќ, на жителите на селата Диејка и Катавасис им била испратена порака да се евакуираат во Волисос.
Во раните утрински часови во гаснењето на пожарот учествуваа пет авиони и четири хеликоптери, од кои едниот се користи за координација на операциите за гаснење на пожарите.
На терен се вкупно 90 пожарникари, од кои 10 пожарникари пристигнаа со брод од островот Лезбос и 27 пожарникари кои пристигнаа со авион од Атина, поддржани од 18 противпожарни возила.
Подготвено од А.Ѓ.