poplavi vo kina 123

03.07.2023 Скопје

Регионалното биро за управување со вонредни состојби соопшти дека повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани поради поплавите во кинеската провинција Хунан.

Урнати се околу 70 куќи, оштетени се 2.283, а поплавени се ниви обработливи површини. Се проценува дека како последица на поплавите е причинета штета од околу 79 милиони долари.

Властите на округот Женба во провинцијата Шанкси објавија дека округот се соочува со најголемите поплави во последните 50 години.

Во меѓувреме, Националниот климатски центар соопшти дека температурата веќе девет дена надминала 35 степени Целзиусови, а таков период на висока температура последен пат е забележан во 1961 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author