ungarija zabrana na uvoz od ukraina

28.07.2023 Скопје

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека постоењето на Украина и одржливоста на украинската армија почива исклучиво на западните пари.

„Суверенитетот на Украина е практично изгубен. Земја која нема финансиски приходи и не може да обезбеди работа за своите граѓани, а камоли да финансира војна, не е суверена“, рече тој.

Според него, потребни се три работи за да се водат борбени операции – пари, пари и пари.

„Во моментов само финансиите на Западот ја одржуваат Украина во живот, а украинската армија борбена“, додаде унгарскиот премиер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author