18.07.2023 Скопје
Сите видови горива на пумпите во Црна Гора од денеска поскапуваат за два до три центи, соопшти Министерството за капитални инвестиции во Подгорица.
Еуросупер 95 и 98 поскапеа за два центи, а во следните 15 дена ќе чинат 1,54 евра /3,01 км/, односно 1,58 евра /3,09 км. За два центи се зголеми и цената на еуродизелот и изнесува 1,39 евра /2,71 км/, додека нафтата за греење поскапе за три центи на 1,36 евра /2,65 км.
Последните промени на цените беа на 4 јули, кога бензините поевтинија за цент.
Според одредбите на Уредбата за начинот на утврдување на максималните малопродажни цени на нафтените деривати, следната пресметка треба да биде на 31 јули.
Подготвено од А.Ѓ.