05.07.2023 Скопје
Граѓаните на Сараево од денеска ќе плаќаат поскапи билети за јавниот градски превоз со кој работат ГРАС и Центротранс во Сараево.
Аднан Штета, надлежниот кантонален министер, вчера на конференцијата за 100 дена од Владата на овој кантон рече дека не станува збор за поскапување и дека реалната цена на билетот е далеку поскапа отколку што плаќаат граѓаните, односно дека Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на поединечниот билет.
„Со гордост можам да кажам дека Сараево е најевтиниот град во Босна и Херцеговина, во овој дел на Европа, во однос на цената на јавниот превоз. Кога станува збор за индивидуалните билети, тоа не е класично поскапување. Во јуни Надлежната Комисија лани откри дека цената на еден билет треба да биде 2,4 км, тогаш кажавме дека не може да поскапи јавниот превоз, дури најдовме средства за субвенции и ја спуштивме цената од 1,6 на 1,4 км, односно од 1,8, бидејќи толку чинеше во возилото“, рече Штета.
Подготвено од А.Ѓ.