lisici na race

25.07.2023 Скопје

Судот во Кина го осуди Џоу Џиангјонг, поранешен функционер на Комунистичката партија во градот Хангжу, на доживотен затвор, откако локалните медиуми објавија дека тој е прогласен за виновен за примање мито во вкупна вредност од над 25,4 милиони долари.

Судот во градот Чужоу, во источната кинеска провинција Анхуи, му изрече казна на поранешниот партиски функционер, што го соопшти и судот.

Судот рече дека Џоу бил прогласен за виновен за земање мито лично или преку роднини во градовите и населбите во провинцијата Жеџијанг помеѓу 2001 и 2021 година.

Хангжу е главен град на провинцијата Жеџијанг.

На обвинетиот му е изречена условна смртна казна, која по две години ќе биде променета во доживотен затвор.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author