klimatski promeni zemjodelie

18.07.2023 Скопје

Климатските промени со голем замав на глобално ниво го нарушуваат земјоделието, и веќе на одредени места има намалување од 10 отсто во производството на пченица, додека производртвото на мед е намалена за 70 отсто во споредба со минатата година, овоштарниците исто така имаат потешкотии со црешите кои се намалени за 60 отсто, особено поради поплавата што ја погоди Италијанската Ромања.

Овој извештај произлегува од анализата на Колдирети презентирана пред Националното собрание по повод големиот топлотен бран кој ги попарува овошјето и зеленчукот на полињата и го намалува производството на млеко кај кравите под стрес од топлината за 10 отсто.

Со високите температури загрозени се и посевите во селата каде земјоделците се принудени да прибегнуваат кон итно наводнување за да ги спасат земјоделските култури кои страдаат од високите температури, од зеленчук до пченка, од соја до домати бидејќи со температурите над 35 степени, растенијата исто така се изложени на ризик од топлотни удари и стрес на вода кои го компромитираат растот на овошјето на дрвјата, го согоруваат зеленчукот и ги оштетуваат житарките.

Земјоделството е економска активност која повеќе од сите останати ги доживува последиците од климатските промени на дневна основа, но исто така е и секторот кој е најпосветен да се спротивстави на нив, климатските промени наметнуваат нов предизвик за земјоделските бизниси кои треба да ги толкуваат вестите објавени од метеорологијата и ефектите врз циклусите на културите, управувањето со водите и територијалната безбедност.

Подготвено од М.Н.

About Author