06.07.2023 Скопје
Зградата во која се сместени Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд во Подгорица, утрово е евакуирана откако била пријавена бомба.
Дојавата била испратена на мејлот на Апелација, по што зградата била евакуирана.
Ова е трет пат годинава да има информации за наводно поставени бомби во судската палата.
Во април неколку институции и училишта добија закани за поставени експлозивни направи.
Подготвено од А.Ѓ.