poplavi sad

10.07.2023 Скопје

Најмалку едно лице загина кога бурата донесе обилни врнежи во поголемиот дел од државата Њујорк во неделата вечер, што предизвика поплави и доведе до вонредна состојба во два окрузи.

Гувернерката на државата Њујорк, Кејти Хукл, прогласи вонредна состојба во округот Оринџ, северозападно од Њујорк, како и во округот Онтарио, во централниот дел на државата, бидејќи врнежите предизвикаа ситуација „опасна по живот“.

Неколку десетици возачи мораа да бидат спасени кога нивните возила се заглавија на поплавените патишта, соопштија локалните власти.

Областа на долината Хадсон беше најтешко погодена од невремето во неделата, а во некои области паднаа и до 200 милилитри дожд, соопшти Националната метеоролошка служба.

Епицентарот на невремето го погоди Вест Поинт, американската воена академија во округот Оринџ. Покрај Њујорк, невремето ја погоди и Пенсилванија.

Метео каналот прикажа видео снимка од поплавените улици во Квебек Сити, каде на заглавениот возач му треба помош.

Метеоролошката служба предвидува дека денеска во делови на Нова Англија може да се случат катастрофални поплави. Метеорологот Брајан Џексон изјави дека метеоролошката служба очекува значителни, а на некои места и катастрофални последици поради врнежите.

Граѓаните беа повикани да се искачуваат на повисоките делови од градот или на ридовите.

До недела навечер, повеќе од 12.000 луѓе останаа без струја, а до 20 часот по локално време во недела (02:00 часот во понеделник, по средноевропско време), автопатите во најмалку пет окрузи беа затворени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author