28.07.2023 Скопје
Вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали изјави дека Србија е земја со стабилни јавни финансии и сериозна економска политика која се фокусира на поединецот и подигање на неговиот животен стандард.
„Србија не само што ја зачува макроекономската стабилност и јавните финансии, каде што покажавме колку сме решителни и сериозни, туку и во време на најголемата криза покажавме дека знаеме да победиме“, истакна Мали, додавајќи дека оваа победа највидлива е во економијата.
Како што истакна Мали, „ништо нема да се промени во политиката што постигнува резултати, бидејќи во годините на криза ја покажавме силата и оправданоста на политиката што се води“,
Финансиските институции како Светска банка, ЕБРД и ММФ потврдија дека Србија постигна неверојатен успех сите овие години, а зајакнувањето на нејзиниот имиџ во светот е само дополнителна потврда за сето тоа.
„Ние се грижиме за секој динар, а другите кои ја набљудуваат нашата економија исто така гледаат дека секој динар ќе го инвестираме во инвестиции и инфраструктура, во плати и пензии и дека секој динар ќе го фокусираме на нашиот раст“, рече Мали.
Подготвено од А.Ѓ.