izrael netanjahu

24.07.2023 Скопје

Премиерот на државата Израел, Бенјамин Нетанјаху, најави дека денес ќе им се придружи на своите пријатели во Кнесетот, израелскиот парламент и ќе продолжи со напорите да ја заврши реформата и тоа да го направи со консензус.

Наместо тоа, одложени се посетите на Кипар и Турција, закажани за 25, односно 28 јули. Според лекарите кои му го вградиле пејсмејкерот, всушност, израелскиот премиер доживеал „минлив срцев удар“, потенцијално опасен по живот.

Претседателот на Партијата за национално единство, Бени Ганц, ја повика владејачката коалиција да го запре предложениот закон и да продолжи само преку консензус и договори меѓу партиите. „Делумен договор или „разумност“ нема да ја решат кризата доколку законот е само првиот чекор во поголема револуција што ќе влијае на начинот на управување со Израел“.

Во меѓувреме, протестите продолжуваат во земјата, особено во Ерусалим, каде што демонстрантите, кои кампуваа со шатори во паркот Сахер, во близина на Кнесетот, изведоа колективна молитва за единство на Ѕидот на плачот.

Подготвено од М.Н.

About Author