yellow kompanija 123

31.07.2023 Скопје

Големата американска компанија за транспорт на камиони „Yellow“ по речиси 100 години заврши со работа, оставајќи 30.000 работници без работа.

Компанијата, која во 2020 година доби помош од федералната влада во износ од повеќе од 700 милиони долари во екот на пандемијата на корона вирусот, се подготвува да поднесе барање за стечај и е во преговори за продажба на целиот бизнис или дел од него.

Во неделата наутро компанијата испрати известувања до клиентите и вработените во кои се наведува дека се затвора напладне.

Компанијата „Yellow“ има повеќе од 12.000 камиони кои испорачуваат стоки низ САД за брендови како Walmart и Home Depot, но се бореше со долгови неколку години. Исто така, имаше лоши односи со синдикатот Teamsters, при што двете страни се обвинуваа меѓусебно за колапсот на компанијата.

Претставниците на синдикатот Teamsters ги обвинија менаџерите на Џелу за лошото управување.

„Yellow не можеше сам да се справи со проблемите, а Teamsters го одржуваа на површина повеќе од десет години преку мултимилионски отстапки за платите и пензиите“, се вели во соопштението на синдикатот.

Стотици работници кои не се од тимот на Teamsters беа отпуштени уште во петокот, а на 22.000 работници на Teamsters им беше кажано дека нивните работни места им „висат на конец“.

Вкупниот долг на „Yellow“ беше 1,5 милијарди долари на крајот на март, вклучително и 729,2 милиони долари што и се должат на американската влада за контроверзниот заем од ерата на пандемијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author