rekinat dogovorot za izvoz na pcenica - cenite rastat

05.07.2023 Скопје

Меѓународните цени на пченица скокнаа за 1,22 отсто во еден ден по нотата на руското Министерство за надворешни работи во која беше објавено дека нема причина да се продолжи договорот за жито, кој истекува на 17 јули.

Ова е резултат што произлегува од анализата на Колдирети на стоковната берза Еуронекст во Париз каде цените на обичната пченица скокнале за 2,75 евра по тон за само еден ден.

Со најавената нота на руското Министерство ќе бидат погодени најсиромашните земји од Африка и Азија и нема да може да се избегне глад, а тоа би било причина која би можела да ги поттикне миграциските текови.

Според податоците од Центарот за проучување, многу мал процент од земјоделските производи кои ја напуштиле Украина по постигнатиот договор се доставени во земјите во развој, како оние од Северна Африка и Азија.

Со 5,2 милиони тони земјоделски производи, вклучувајќи пченица, пченка и сончогледово масло, што е еднакво на 21,5 отсто од вкупниот број, Кина е земјата која има најголема корист од договорот.

Шпанија со 4,1 милиони тони производи, Турција со 2,7 милиони тони производи, а по нив е Италија со 1,76 милиони тони производи извезени од Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author