temperatura vo avtomobil

13.07.2023 Скопје

Пред само две недели во Словенија во прегреан автомобил загина дете.

Истото се случи на почетокот на минатиот месец во Италија. Никогаш не е премногу за повторување – ако автомобилот е паркиран на сонце со надворешна температура од само 24 степени Целзиусови, температурата во возилото (со затворени прозорци) може да достигне 38 степени за само 10 минути.

Ако автомобилот стои на сонце 30 минути, температурата во него ќе се искачи до 50 степени Целзиусови. На делови од внатрешноста на возилото, кои се директно на сонце, по некое време можеме да измериме дури 80 степени.

Значи, јасно е дека автомобилот на сонце не е место за оставање деца или животни, дури и ако мислите дека го правите тоа само за кратко време. Дури и најкраткиот временски период може да биде фатален за детето. Поради послабата можност за терморегулација на телото на детето, телото на детето се загрева три до пет пати побрзо од телото на возрасен.

Високата надворешна температура за многу кратко време може да доведе до зголемување на телесната температура и топлотен удар кај децата.

Само 15 минути престој во прегреан автомобил може да предизвика оштетување на мозокот и бубрезите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author