https://www.flickr.com/photos/paszczak000/9689440088/in/photolist-fLdUXS-9GFFoY-HDoQ7a-p3qUr9-6WWsrK-ocqJFa-dPL3oF-gRBHq6-fkr5E6-6WVWS8-aVQFYP-87tPkz-6LBbYK-9HAYja-fiiZg5-5Tub1Z-gkByfv-agas1Z-673kDq-ocqRpu-76oQ4b-87pjLG-8FhGRG-rijXZe-q4kVqu-8Hi8Vo-xwbiYM-8QiMv1-omcBRv-8ShbcS-SevKjN-6y6JMW-fkFeVA-fwuruV-N4U8n6-8ktdGv-b8DncM-w9fiqf-z2aPyp-fndvzd-BKwf8H-hxfvB-K1pBGW-csdiqQ-9Y6hSb-HJrqv6-5aPEQL-6aE4wQ-ctQDUL-eSEib9

25.07.2023 Скопје

Пред само седум дена беше запрен транспортот низ Црното Море. Исто така, и некои пристаништа на Дунав се оневозможени за извоз. Украина бара зајакнување на патиштата на солидарноста, а Русија планира целосно да ја снабди Африка со украински житарки.

Откако Русија го раскина Црноморскиот договор за транспорт на жито од Украина, на 17 јули започна напади врз украинските пристаништа.

Во неделата беше гранатирано пристаништето во Одеса, каде беа уништени повеќе од 66.000 тони жито. Освен тоа, во понеделникот, во раните утрински часови ги нападнаа и пристаништата на реката Дунав, долж самата граница со Романија, каде што беше уништена и складишната инфраструктура. Поради ова, речиси 30 бродови се закотвија во близина на клучниот пристанишен терминал на Измаил.

Осигурителните компании размислуваат дали да обезбедат заштита на пристаништата на Дунав.

А таа рута, како и патните и железничките линии од Украина до Полска, Романија и другите соседни земји, се развиваат како алтернативна рута од почетокот на специјалната руска воена операција. Во изминатата година по речен пат се извезени два милиони тони жито, односно во 2022 година 600.000 тони. Сепак, овие патишта може да се користат за транспорт само на дел од она што Украина треба да го извезе, а таквиот транспорт е логистички поскап во споредба со Црното Море.

Затоа, Унијата на украински трговци со жито UGA апелираше до Европската унија да го зголеми капацитетот на таканаречените солидарни патеки. Изнесувајќи ги предлозите на нивната веб-страница, тие велат дека треба да се зголемува за 1-1,5 милиони тони месечно. Тие, исто така, сметаат дека европските превозници и пристаништа вклучени во овој транзит треба да добијат делумна компензација од Комисијата во форма на субвенции.

„Ова ќе доведе до значително намалување на трошоците за транспорт на жито и ќе им овозможи на украинските земјоделци да го извезуваат вишокот, без загуби, во земјите на кои им се потребни, со што ќе се стабилизира глобалната безбедност на храната“, објавија тие.

Додаваат дека зголемувањето може да се постигне со извоз преку пристаништата во балтичките земји, Германија, Холандија, Хрватска, Италија и Словенија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author