delfini

17.07.2023 Скопје

Властите во Јапонија соопштија дека четворица пливачи се повредени во одвоени напади на делфини на плажа во централна Јапонија.

На маж на околу 60 години вчера наутро му биле скршени ребра од страна на делфин, кој го нападнал на популарната плажа Суишохама во градот Михама.

Уште еден маж вчера наутро на истата плажа бил каснат за рака од делфин, а уште две лица се повредени во напад на делфин подоцна во текот на денот.

Шест такви напади се регистрирани во префектурата Фукуи оваа година, соопшти локалната полиција.

Поставени се знаци кои ги предупредуваат пливачите да не им приоѓаат и да не ги допираат делфините.

Делфините генерално не се агресивни кон луѓето, но има напади од овие животни врз пливачите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author