04.07.2023 Скопје

Утрово руската авијација собори пет беспилотни летала лансирани од украинските сили во регионот на Москва, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според првичните информации, беспилотните летала се движеле кон Москва во различни периоди од ноќта.

Руското Министерство за одбрана прецизираше дека четири беспилотни летала биле соборени со противвоздушен оган, додека петтиот бил неутрализиран со електронски средства и паднал во областа Одинцово во Московската област.

Нападот, според извештаите на руските власти, не предизвикал материјална штета или повредени.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *