14.07.2023 Скопје

„Платениците на Вагнер повеќе не учествуваат во воените операции во Украина во значителен обем“, изјави портпаролот на Пентагон, генерал Патрик Рајдер.

Рајдер истакна дека во овој момент, „не гледаме дека силите на Вагнер значително учествуваат во борбените операции во Украина“.

Вагнеровите борци водеа некои од најжестоките и најопасните битки за време на рускиот напад на Украина, но по бунтот на 24 јуни, Москва им дала на војниците на Вагнер опција да ја напуштат земјата, да се приклучат на редовната војска или да си одат дома.

Руското Министерство за одбрана во средата објави дека завршува предавањето на оружјето на Вагнер на руските вооружени сили.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *