25.07.2023 Скопје
Застрашувачки фотографии од џиновскиот град пристигнуваат од северна Италија. Невремето со град, кое претпладнето беше пренесено во деловите на Словенија, во текот на ноќта падна во уште посилна форма на регионот Фриули-Јулија. На интернет се појави фотографија од град од 19 сантиметри.
Блаж Штер, метеоролог од Агенцијата за заштита на животната средина, процени дека во близина на градот Порденоне паднал рекорден град (за Европа). На фотографијата мразот е поголем од дланка. Парчето би требало да тежи околу килограм.
Томас Пучик, истражувач во Европската лабораторија за бури, на Твитер напиша дека овој град го соборил европскиот рекорд. Градот бил за сантиметар поголем во Вивијан, Јужна Дакота, каде достигнал големина од 20 сантиметри.
Првото невреме низ ова подрачје поминало во периодот од 20:30 до 21:30 часот, а второто меѓу 23:00 и 24:00 часот. И двете предизвикаа огромна штета.
Евидентиран е град со големина од 10 сантиметри и силен ветер со налети од околу 100 километри на час, кој предизвика бројни главоболки во сообраќајот. Многу автомобили се целосно уништени, а железничкиот сообраќај на линијата Порденоне-Видем е запрен. 12 илјади луѓе останаа без струја.
Огромен град падна и во непосредна близина на Словенија во околината на Видма.
Подготвено од А.Ѓ.