https://www.facebook.com/photo/?fbid=100733482472218&set=a.142099824998810

31.07.2023 Скопје

Од ЈП Лајка информираат дека од денеска (31.јули 2023) заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Гази Баба.

„Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово. Втората недела од стратешкото заловување (07-11.август) нашиот тим ќе заловува во: Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман“, велат од Лајка.

Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859/ 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk. Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author