https://www.flickr.com/photos/140377809@N05/44495487791/in/photolist-2aMV1jB-2nuhDQW-2kmAAJs-2jMgr6b-2o1dNa6-2nuLpA3-2ns9ECH-2nx814w-2mfpvKP-2m8JWd4-2nnifA1-2kfdGSU-2nuXiaQ-2nEzkZC-2kJEYP3-286TFfA-2fSKjUx-2nrcfGS-2k2HFdU-2nkKXoB-27aCeYJ-2nSHiQ8-2nvTtCD-2o5BYt5-2nwUpyh-EJ9HNA-2nS1Nrq-2jezfEa-2jkMLA7-2iUwjJY-2nzTfSw-LX5S4W-2m3ruVz-2nV96YQ-Hvfv8M-2nu1fAY-2jn1APt-2nZyirg-2jzN929-2nnpEUu-2jEGX8c-2hw9YCH-2j7XqHX-2hhvked-2m1wN4z-2jEGqoq-27HsewF-2jyfHcz-2kcfdsy-2mdeG8J

12.07.2023 Скопје

Американската агенција за контрола на странски средства, која работи под Министерството за финансии на САД, воведе санкции против Александар Вулин, директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија, за, како што е наведено, коруптивни дејствија за негова корист и олеснување на руското злобно влијание во Србија и регионот.

„Американското Министерство за финансии нема да се двоуми да ги таргетира актери кои ги злоупотребуваат своите позиции за лична корист, а истовремено го поткопуваат ефективно и демократско владеење на Западен Балкан“, рече потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на Министерството за финансии, Брајан Нелсон.

Во образложението на одлуката беше наведено дека Вулин бил вмешан во транснационален организиран криминал, нелегални операции со наркотици и злоупотреба на јавна функција.

„Вулин одржуваше взаемно корисни односи со српскиот трговец со оружје Слободан Тешиќ, санкциониран од САД, помагајќи им на илегалните пратки на оружје на Тешиќ да се движат слободно низ границите на Србија“, се вели во одлуката.

Тие додаваат дека активностите на Вулин ја унапредиле корупцијата во владините институции во Србија.

„Овие дела вклучуваат употреба на неговиот авторитет за лична корист, вклучително и вмешаност во синџир за шверц на дрога. платформа за натамошно влијание во регионот“, се вели во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author