https://www.facebook.com/photo/?fbid=4680626831996471&set=pcb.4680628158663005

08.07.2023 Скопје

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во воведното обраќање на првата ОБСЕ конференција за климатски промени што се одржа во Виена истакна дека климатските промени не само што создаваат видлива штета врз животната средина, туку нивното сè повидливо влијание се заканува и на стабилноста на нашите општества преку менување на севкупните услови за живот, потенцирајќи ги војните и конфликтите, руската воена агресија против Украина, кои ги влошуваат веќе сложените еколошки околности.

Османи додаде и дека климатските промени и последиците од нив се фактори што влијаат на зголемување на несигурноста и во крајна линија директно се поврзани со безбедноста во поширокиот регион на ОБСЕ.

„Потврда дека и во овие тешки времиња ОБСЕ посветено работи на ублажување на негативните ефекти од климатските промени е и назначувањето на специјален претставник за климатски промени во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ“, истакна Османи.

Министерот Османи е уверен дека заедно можеме да успееме во вклучувањето на климатските активности во нашата секојдневна работа преку поттикнување на декарбонизација на нашите економии и градење поотпорни и климатски приспособливи општества.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author