14.07.2023 Скопје
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека повикувањето на Украина да се приклучи на НАТО алијансата би започнало уште една светска војна, па сојузниците со право се воздржаа од таков чекор на самитот во Вилнус.
„Да ја вклучивме Украина во НАТО, тоа ќе предизвикаше итна војна“, изјави шефот на унгарската влада.
Тој додаде дека на Запад сè уште преовладуваат непријателски чувства во корист на продолжување на украинскиот конфликт.
„Жителите на Западот сакаат војна во Украина“, изјави Орбан и додаде дека „Украинците се агресивни“ затоа што секогаш бараат нешто за себе.
Унгарскиот премиер оцени дека конфликтот во соседната земја ќе трае долго и дека унгарската Влада треба да биде подготвена за тоа.
Подготвено од А.Ѓ.